петок, 30. јули 2021. Вести денес: 148
home Фудбал

Бразил одмори неколку клучни фудбалери и му помогна на Еквадор да се пласира во четвртфинале (ВИДЕО)

Бразил одмори неколку клучни фудбалери и му помогна на Еквадор да се пласира во четвртфинале (ВИДЕО)

Синоќа се одигра последното коло од групата Б на Копа Америка, Бразил и Еквадор ги поделија бодовитет играјќи 1-1, и двете екипи продолжуваат понатаму.

По трите победи, ова беше прво реми за Бразил, но тоа ништо не им значеше, како првопласирани одат во нокаут фазата.

Нејмар целиот меч го преседе на клупата, а во второто полувреме влегоа Касемиро, Ришарлисон, Данило…

Опуштеноста на Бразил донесе бод за Еквадор кој како четврти се пласира во следната фаза.

Бразилците поведоа со гол на Милитао во 37. минута, израмни Мена во 53.

Во вториот дуел Перу со 1-0 беше подобар од Венецуела.

По крајот на групната фаза Бразил е прв со 10 бода, Перу има седум, Колумбија четири, Еквадор три, единствениот кој е елиминиран е Венецуела која освои два бода.

Ноќеска се игра последното коло од А групата, Боливија против Аргентина и Уругвај против Парагвај.

Коронавирус