петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Фудбал

Браво доби црвен картон, па Вокер „стана“ голман: Првата интервенција му е доста интересна (ВИДЕО)

Браво доби црвен картон, па Вокер „стана“ голман: Првата интервенција му е доста интересна (ВИДЕО)

Многу интересна ситуација беше забележана пред самиот финиш на синоќешниот меч меѓу Аталанта и манчестер сити.

Двете екипи ги поделија бодовите, откако во четврото коло од групната фаза од Лигата на шампиони одиграа 1-1.

Клаудио Браво на полувреме го замени повредениот Едерсон, а Чилеанецот доби црвен картон 15 минути подоцна, па тренерот Пеп Гвардиола мораше некој од фудбалерите да го стави на голот.

Таа улога ја доби Кајл Вокер, кој влезе од клупата и ги облече ракавиците и голманскиот рес, а по самото влегување во игра мораше да интервенира.

Аталанта имаше слободен удар, а топката се движеше директно кон Вокер, па Англичанецот од втор обид успеа да ја фати.