среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 10
home Фудбал

Братот на Роналдо под истрага

Братот на Роналдо под истрага

Братот на Кристијано Роналдо, Хуго Динарте Авеиро, е под истрага од страна на италијанската полиција поради оптужби дека направил проневера со производство и продажба на дресови.

Дресовите биле нарачани за музејот на суперѕвездата на Јувентус, каде што требало да се продаваат, меѓутоа произведените 13.000 парчија многу наликувале на дресот на Јувентус, и поради тоа италијанската компанија која била ангажирана да ги произведе дресовите, побара истите да се повлечат од продажба и да се уништат.

Наместо тоа, Хуго ги ставил на продажба дресовите во музејот „ЦР7“ по цена од 40 евра, па сега компанијата „Пегасо“ покрена тужба против братот на Роналдо.

Извор: Спортманија.мк

Коронавирус