сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 128
home Фудбал

Братот на Астори: Момци, сигурен сум дека и Давиде трчаше со вас на терен во финалето!

Братот на Астори: Момци, сигурен сум дека и Давиде трчаше со вас на терен во финалето!

Пред повеќе од четири години, спортската јавност во Италија беше запрепастена со смртта на фудбалерот од Фиорентина, Давид Астори.

Дефанзивецот беше пронајден мртов во својот кревет, каде на спиење починал, пред натпреварот кој Фиорентина требаше да го одигра против Удинезе.

Поранешниот член на италијанската репрезентација и фудбалер на „виолите“, беше еден од милениците на домашната публика и добар пријател со Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Токму сегашните дефанзивци од Италија, триумфот на ЕУРО2020, му го посветија токму на прерано починатиот Давиде Астори, а на сето тоа, порака испрати сега и братот на Астори.

„Можам да кажам дека Давиде е горд на постигнатото и дека тој заедно со момците од репрезентацијата, трчаше по теренот. Секоја чест момци, се боревте и не се откажавте, бевте перфектни, од целото мое семејство, длабоко ви благодариме за посветата кон мојот брат“, порача Бруно Астори.

Локални избори 2021