Фудбал отказ

Борусија му врачи отказ на Шахин, тренерот се одјави со две реченици

Болоња вчеравечер ја оствари првата историска победа во Лигата на шампионите, а како што можеше да се очекува, тоа ја носи и првата голема промена во германскиот клуб од стартот на сезоната.

Борусија му врачи отказ на Шахин, тренерот се одјави со две реченици

в
Нури Шахин се најде под екстремен притисок по низата лоши резултати на тимот, но гостувањето во Сардинија ја прели чашата кај раководството кое дефинитивно имаше големо трпение.

Поразот од 2:1 ги натера водечките луѓе на Борусија да му врачат отказ на Шахин, па сега првиот тим привремено ќе биде воден од Мик Тулберг, досегашниот тренер на младинскиот тим.

„Милионерите“ во своето официјално обраќање потенцираат дека била донесена навистина тешка одлука поради значењето кое го има Нури за клубот, но дека на крајот дошло до џентлменска разделба укажува и тоа што е проследена завршна изјава на самиот тренер.

– За жал, ние како стручен штаб не успеавме да ги исполниме спортските амбиции на Борусија Дортмунд од стартот на сезоната. Ова е посебен клуб за мене и му посакувам се најдобро во иднина, – гласи изјавата на Шахин.

To top