понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Борбата не запира: Турскиот голман се чувствува подобро, а медиумите ја распнаа жена му!

Борбата не запира: Турскиот голман се чувствува подобро, а медиумите ја распнаа жена му!

Поранешниот голман на турската репрезентација, Рушту Речбер има напредок во борбата против Ковид-19, откако вчера беше објавено дека чуварот на мрежата ги поминал најкритичните 72 часа во кои не можел да дише, јаде, зборува, а му се променила и бојата на кожата.

Неговата сопруга Исил, која му го префрли вирусот вели дека Речбер се наоѓа во подобра состојба за разлика од минатите денови.

„Рушту е подобар, лекување продолжува нормално. Мене не ме интересира медиумскиот линч. Важно е мојот сопруг да ја добие оваа битка“, кажа Исил.

Информацијата за состојбата на легендарниот голман ја потврди и докторот Гулчихан Озкан.

„Речбер, кој има Ковид-19 се наоѓа во моментов во стабилна состојба и очекуваме подобрување во следните денови“, потврди докторот.

Коронавирус