четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи се чувствувал предаден од Милан

Бонучи се чувствувал предаден од Милан

По само една сезона со капитенската лента, Леонардо Бонучи посака да го напушти Милан и да се врати во Јувентус. Денес „Газета дело Спорт“ ги откри причините за желбата на италијанскиот дефанзивец да дојде до ова неочекувано решение.

Пред се, пред една година, гигантот од Милано му претстави на Бонучи проект кој предвидуваше учество на тимот во Лигата на шампионите со идеја во најскоро време „росонерите“ да се борат за освојување на Скудетото. Инвестираните 240 милиони евра во трансфери ги измамија сите приврзаници, а исто така и капитенот на Милан. Семејството на дефанзивецот се врати во Торино, што пак доведе Лео да заживее во хотелска соба, одбивајќи да побара куќа во Милано.

Сепак, ситуацијата се промени откако во екипата пристигна Џенаро Гатузо, иако лошиот крај на сезоната го остави тимот далеку од битката за четвртото место. Ова лето, клубот беше потресен од одлуката на УЕФА да го повлече седумкратниот победник на Лигата на шампионите од европските турнири. Тешката казна, сепак, беше откажана, но Бонучи не се премисли.

Револуцијата во клубот по ослободувањето на Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели исто не влијаела добро на Лео, и покрај финансиската безбедност, обезбедена од „Елиот Менаџмент“.

Шефот на Јуве, Џузепе Марота, веќе изјави дека преговара со раководството на „росонерите“ за враќање на италијанскиот репрезентативец во Торино и епилогот се очекува во следниве денови.

МИА

Коронавирус