вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

„Бомба“ од Островот: Леви се премисли, Тотенхем ќе инкасира неверојатна сума за Кејн

„Бомба“ од Островот: Леви се премисли, Тотенхем ќе инкасира неверојатна сума за Кејн

Неколку минути по полноќ, познатиот британски таблоид „Сан“ излезе со бомбастична ексклузива за првиот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација, најавуваќи трансфер кој ќе предизвика вистински потрес на Островот.

Според добро упатен извор на споменатиот медиум, Хари Кејн ќе го режира својот посакуван трансфер во редовите на актуелниот првак во Премиер лигата, сето тоа откако Даниел Леви се предомислил во одлуката да го блокира заминувањето на првата ѕвезда на тимот, нешто што знаеше да го прави во минатото со други фудбалери.

Газдата на Тотенхем имал разговор со Кејн минатиот петок, на кој на напаѓачот му порачал дека ќе му дозволи трансфер во лутиот ривал, но само ако обезбеди на маса подобра понуда од онаа почетната која изнесуваше 100 милиони фунти.

„Граѓаните“ сериозно си ја сфатиле работата и веднаш испратиле далеку подобра понуда, по која Леви останал задоволен и му ја отворил вратата на својот најдобар фудбалер кој уште во месец мај нагласи дека е подготвен за заминување.

Сити го договорил Кејн за неделна плата од 400 илјади фунти, а според веста на „Сан“, Тотенхем ќе инкасира вртоглави 160 милиони фунти за продажбата на својот голтер, сума која звучи неверојатно во овие проблематични моменти со светската пандемија.

Коронавирус