вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Фудбал

Бомба од Италија: Модриќ се договорил со Бобан да дојде во Милан!

Бомба од Италија: Модриќ се договорил со Бобан да дојде во Милан!

Актуелниот најдобар светски фудбалер Лука Модриќ е сѐ поблизу до седумкратниот европски првак Милан, откако во Италија се појавија информации дека хрватската ѕвезда се договорил со својот сонародник Звонимир Бобан да дојде на „Сан Сиро“ и сега се чека само ангажманот на младиот Холанѓанец Дони Ван дер Бек во Реал Мадрид за да се случи трансферот.

Според информациите кои се појавија, Модриќ и Бобан синоќа во хотелот „Фор Сезонс“ го договориле трансферот во присуство на менаџерот на капитенот на Хрватска, Владо Лемиќ, а наводно Модриќ прифатил двегодишен договор вреден 7,5 милиони евра, плус бонуси и тоа од еден милион евра ако Милан стане првак, титула која ја чека од 2011 година.

Исто така, хрватската легенда Бобан, кој летово од ФИФА дојде во Милан да биде директор заедно со Паоло Малдини веќе имал разговори со Флорентино Перез и сега се чека реализацијата на трансферот на Ван дер Бек од Ајакс за 50 милиони евра, за да почне операцијата за трансфер на Модриќ, кој имал желба да дојде во Милано после осум години во шпанскиот великан и четирите европски титули.

Прашањето кое се поставува е како Милан ќе најде пари за да го купи Модриќ, сооглед дека поради финансискиот ферплеј нема да играат во Европа во новата сезона, но Малдини наводно имал адут во ракавот и тоа со продажбата на Френк Кеси за околу 40 милиони евра. За Кеси од поодамна се заинтересирани премиерлигаши, пред се Вулверхемптон, клуб кој пред неколку дена го купи и Патрик Кутроне.

Најинтересно во сѐ е што Милан и Реал одамна имаат добри односи, па многу лесно може да го договорат трансферот за кој засега не се споменува сума колку би чинел. Модриќ минатото лето се поврзуваше со трансфер во Интер, но од тоа не излезе ништо и Хрватот остана во Мадрид.