четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

БОМБА: Милан и Атлетико се договорија – Кореа на Сан Сиро за 50 милиони!

БОМБА: Милан и Атлетико се договорија – Кореа на Сан Сиро за 50 милиони!

Италиајнските медиуми лансираа вистиска „бомба“ и тврдат дека Милан и Атлетико Мадрид постигнале договор за трансфер на Анхел Кореа на „Сан Сиро“.

Пред неколку дена се појави вест дека Милан веќе постигнал комплетен договор со Кореа, кој на „Сан Сиро“ ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Остануваше уште двата клуба да ја договорат отштетата, а „Скај Италија“ денес потврди дека двата клува си пуштиле рака за трансфер тежок 50 милиони евра.

„Росонерите“ го продадоа Андре Силва во Монако за 30 милиони евра, па со тоа ќе финансираат поголем дел од трансферот.

Директорот на Атлетико утре ќе пристигне во Милано за да се договорат последните детали и да двете страни да стават потпис на договорот.

Се очекува Кореа оваа недела да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

Кореа беше е најголема желба на тренерот Џампаоло, кој смета дека ќе биде идеален партнер на Пјонтек во нападот, но „јорганџиите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра.