вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Фудбал

Болница во Милан пред мечот со Ливерпул

Болница во Милан пред мечот со Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан во моментов е лидер во италијанската Серија А и покрај бројните проблеми со повредени фудбалери.

Милан на „Сан Сиро“ во ЛШ го пречекува Ливерпул, кој веќе има пет победи. Сепак, во таборот на „росонерите“ се соочуваат со огромни проблеми. Веќе од претходно се отсустни Анте Ребиќ, Оливие Жиру, Симон Кјаер и Давиде Калабрија, а за дуелот со Ливерпул тренерот Пиоли нема да може да смета ниту на Рафаел Леао.

Португалецот заработи мала повреда против Салернитана и клубот не сака да ризикува. Него се очекува да го замени Раде Круниќ.

Покрај тоа, под знак прашалник поради настинка е и еден од најдобрите играчи Тео Хернандез. Левиот бек тренирал посебно од остатокот од тимот, а медицинскиот тим се надева дека Французинот ќе успее да ја надмине настинката и ќе може да настапи утре.

Коронавирус