вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 81
home Фудбал

Бока по секоја цена сака Буфон да се пензионира на Бомбоњера

Бока по секоја цена сака Буфон да се пензионира на Бомбоњера

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон доби понуда за пет месеци да заработи 2.5 милиони долари и да ја заврши кариерата во Бока Јуниорс.

Славниот клуб од Буенос Аирес е подготвен Буфон да го направи наплатениот фудбалер во Агентина, дури и повеќе од првата ѕвезда на тимот Карлос Тевес.

Легендарниот 40-годишен чувар на мрежата, кои игра за Јувентус уште од 2001 година, може да ја продолжи кариерата иако најави дека ќе ја заврши на крајот на сезоната по истекот на договорот со шампионот на Италија.

Конечната одлука за потенцијалниот трансфер ќе ја донесе на 17 мај.

Освојувачот на Светското првенство со репрезентацијата на Италија во Бока би настапувал за својот трет клуб во 23-годишната кариера, со оглед на тоа што од 1995 година ги бранеше боите само на Парма и Јувентус.

Коронавирус