четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 58
home Фудбал

Бобан со бурна реакција по отказот во Милан: Не знаев дека сме во Северна Кореја!

Бобан со бурна реакција по отказот во Милан: Не знаев дека сме во Северна Кореја!

Откако калчолигашот Милан потврди дека ја прекинал соработката со Звонимир Бобан, со своја реакција се јави и Хрватот.

Тој тврди дека клубот не бил фер кон него, а воедно спомена дека се чувствувал како да е во Северна Кореја, каде има диктаторски режим.

Не знаев дека сме во Северна Кореја. Уште во декември направија договор со Ралф Рангник на кого можам да му посакам се најдобро. Но, мораа да ми кажат, заслужив да ме известат ако имаа такви планови, изјави Бобан за италијанскиот весник „Ил Џорнале“.

Односите меѓу Бобан и извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис се заладиле.

Моето интервју е правно беспрекорно. До него, како и до одговорите дојде по многуте игнорирани прашања, додаде Бобан за „Ил Џорнале.

По Бобан, од Милан може да замине и Паоло Малдини. Нивните позиции треба да ги заземе Германецот Ралф Рангник со кого Газидис имаше состанок кон крајот на минатата година.

Рангник беше желба и на Манчестер јунајтед, но калчолигашот беше поупорен и поконкретен во намерата и постигна договор за соработка за наредните три години.

Коронавирус