недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Фудбал

Бобан Николов во својот деби настап за Шериф постигна гол (ВИДЕО)

Бобан Николов во својот деби настап за Шериф постигна гол (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, беше стрелец на единствениот погодок на Шериф Тираспол на вечерашното гостување кај Зимбру (1-1), во меч од 10. коло од првенството на Молдавија.

Ова беше првпат Македонецот да се најде во стартниот тим на молдавскиот шампион, по двете средби на кои влегуваше во финишот. Тој стрелаше прецизно во 34. минута.

Шериф по шест одиграни меча има 13 бодови, но што е поважно, Николов почна да игра добро поради што реално е да се очекува да биде во стартниот состав на молдавскиот тим во следниот меч од Лигата на шампионите, за десет дена на гости кај Реал Мадрид.

Локални избори 2021