четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Боатенг подготвен да го напушти Баерн

Боатенг подготвен да го напушти Баерн

Фудбалерот на Баерн, Џером Боатенг проговори за неговото потенцијално заминување од клубот од Минхен на крајот на сезоната 2020/21 како слободен агент.

– Како што со право забележавте, јас сум од оние луѓе кои сакаат да учат нови градови, култури, да запознаваат нови луѓе. Не сум од оние кои сакаат да останат на некое место долго време. Ме интересираат Париз, Лондон и многу други градови во Европа.

Мојот договор? Бев изненаден од неодамнешните вести. Требаше прво да седнам пред да ја прочитам веста дека мојот договор нема да биде обновен. Сепак, сега веќе не се грижам. Отсекогаш сум велел дека сакам да пробам нешто ново, да прифатам предизвик. Јас сум во одлична форма и играв добро во изминатите неколку месеци. Па така, мислам и јас, моите соиграчи и главниот тренер Ханс Флик. Сега сакам да го освојам германскиот шампионат. Кога ќе дојде време, ќе се разделиме со Баерн. Со гордост ќе се сеќавам на моите успешни години во тимот. Малкумина успеале да ја направат таква кариера, изјави Боатенг.

Триесет и двегодишниот Германец, во Баерн е од 2011 година, а претходно настапуваше за Манчестер сити, Хамбургер и Херта.

Коронавирус