среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Фудбал

Боатенг: Чест е кога те вика Мурињо, ама….

Боатенг: Чест е кога те вика Мурињо, ама….

Жером Боатенг од Баерн Минхен изјави дека е почестен што интерес за него пројави Жозе Мурињо, но јавно се заблагодари за понудата да премине во Манчестер и реши да остане во Баерн.

– Му се јавив на Мурињо и му реков дека сум почестен заради интересот од Мурињо и неговата голема упорност да ме ангажира Манчестер Јунајтед.

Боатенг ги кажа причините зошто не може да ја прифати понудата.

– Тешко е да се напушти Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот, особено откако тренер е Нико Ковач кој ме увери дека сум многу важен за тимот, изјави дефанзивецот.

Фудбалерот објави дека имал понуда и од ПСЖ.