петок, 24. септември 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

„Благодарност до Пандев, Тричковски, Велкоски… и претходникот Ангеловски за се што направија за Македонија“

„Благодарност до Пандев, Тричковски, Велкоски… и претходникот Ангеловски за се што направија за Македонија“

Новиот македонски селектор Благоја Милевски потенцираше дека во националниот тим ќе има место само за оние најдобрите кои на повик ќе се изборат само самите врз основа на демонстрираниот квалитет.

„Ова не е мој приватен тим, ниту мој ниту на мојот претходник. Тоа се деца на Македонија, и само од нивниот квалитет и демонстрација на квалитетот при клупските настапи ќе зависат повиците во националниот тим. Во репрезентацијата ќе бидат повикувани само најдобрите во своите тимови и во натпреварувачка форма. Не гледам како би можеле да бидат повикувани некои кои со месеци немаат настапи за своите клубови и се надвор од натпреварувачка форма“ – истакна Милевски на денешната прес-конференција, притоа искажувајќи и благодарност за фудбалерите кои се повлекоа од националниот тим, како и досегашниот селектор Игор Ангеловски.

„Секако ќе има промени во тимот и затоа што како што е познато од репрезентацијата се збогуваа Пандев, Тричковски и Крсте Велкоски на кои од срце им благодорам за се што направија за Македонија и македонскиот фудбал. Благодарност до Горан Пандев кој е иконата на македонскиот фудбал за се што направи за Македонија, а на сите нас ќе биде да ја дополниме таа празнина по неговото повлекување затоа што несомнено е дека на теренот и надвор од него. На нас и на сите репрезентативци ќе биде сето тоа да се надополни. Благодарност и до мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал во светски рамки и настапот на ЕВРО 2020, но времето не можеме да го запреме и мора да се навикнеме на се што ни следи понатаму во интерес на македонскиот фудбал. Секако ќе има новитети, и сите заедно ќе се ставиме единствено во функција на тимот заедно и со ФФМ затоа што ни е неопходна навистина добра логистика за да дојдете до посакуваните успеси“.

Милевски и во А-тимот ќе соработува со истиот стручен штаб од младата репрезентација на кој силно ми верува.

„Стручниот штаб ќе биде сосема истиот со кој соработував изминативе седум години во младата репрезентација, а на одредени позиции ако ни се неопходни професионалци ќе има дополнувања“ – истакнува Милевски.

Коронавирус