Саудискиот принц Мохамед бин Салман пред неколку недели и официјално стана нов сопственик на Њукасл, а од неговото преземање на клубот се шпекулира со името на новиот менаџер.
Откако Њукасл стана најбогатиот клуб во светот, се поврзува со бројни играчи, но и со тренерски имиња. Нема ден медиумите на Островот да не поврзат некој голем играч или тренер со Њукасл, а вчерашните вести велат дека Салман има една голема желба.
Таа желба е холандскиот двоец од Ајакс, спортскиот директор Марк Овермарс и тренерот Ерик тен Хаг кој прави навистина феноменална работа со славниот холандски клуб.
Наводно, Тен Хејг и Овермарс се загреваат за Њукасл, а тоа го потврди и уредникот на холандски Телеграф.
„Тие се заинтересирани за овој проект. Тоа е голем предизвик. Овермарс е во Ајакс 10 години, тој направи се што можеше во клубот. Очекувајте наскоро преселба на Њукасл и почеток на преговорите“, изјави уредникот на Холандски весник.
Овермарс и Тен Хејг се најзаслужни за одличните резултати на Ајакс во последно време. Овермарс го донесе Тен Хејг на клупата на Ајакс од Утрехт во 2017 година и покрај тоа што ги продаваше своите најдобри играчи секоја година, тие се уште се непобедливи во Холандија.
Тен Хејг со Ајакс освои две титули и два Купа, но во сезоната 2019/2020 му беше „ограбена“ уште една титула поради пандемијата на корона вирусот, а Ајакс под негово водство играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите.