петок, 14. мај 2021. Вести денес: 103
home Фудбал

Билбао го губи домаќинството за ЕП во фудбал?

Билбао го губи домаќинството за ЕП во фудбал?

УЕФА планира Европското Првенство да се одигра со навивачи на трибините. Поради тоа градовите кои ќе бидат домаќини ова лето добија порака да обезбедат потребни услови за да се случи тоа.

Даблин се соочува со потешкотии да даде позитивен одговор, па би можел да го загуби домаќинството. Во слична ситуација се наоѓа Билбао, бидејќи шпанската федерација најавува дека нема никаква шанса навивачи да добијат дозвола за влез на натпреварите од континенталниот собир.

Баскија како провинција и дел од Шпанија има еден услов за да ја исполни желбата на УЕФА. Тоа ќе се случи само ако 60% од населението биде вакцинирано до 14 јуни.

Дилемите ги има во неколку градови, па организаторите на турнирот ќе имаат голем предизвик пред себе да ги задоволат барањата на УЕФА во месеците кои доаѓаат.

Коронавирус