сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Без позитивни на коронавирус во англиските лиги

Без позитивни на коронавирус во англиските лиги

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) објави дека нема нови заразени лица во новата рунда тестирање за коронавирус.

Во текот на изминатата недела беа тестирани 3.555 фудбалери и членови на тимот од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.

Тестирани се 24 екипи и 3.136 лица од Чемпионшип, 381 во Лига 1, а во Лига 2 – 38.

Два позитивни резултати беа регистрирани во претходниот тест.

ЕФЛ соопшти дека ќе продолжи да ја известува јавноста за резултатите со цел да се зачува интегритетот и транспарентноста на натпреварувањата.

По скоро една година, Чемпионшип завршува вечерва. Познато е дека шампионот Лидс си освои место во Премиер лигата, а за сè друго ќе се реши по вечерашните натпревари. Вест Бромвич Албион, Брентфорд и Фулам се борат за второто место кое води директно во Премиер лигата.

Двете екипи кои нема да успеат да го сторат тоа, сигурно ќе играат во плеј-офот. Нотингем Форест, Кардиф и Свонси исто така се борат за преостанатите две места во плеј-офот.

Се води голема борба и за опстанок, што во голема мера ќе зависи од исходот на жалбата на Виган за одземање 12 поени заради банкрот. (МИА)

Коронавирус