сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 90
home Фудбал

„Бет Сити“ на Самсоненко се нови спонзори на прославениот Француски тим

„Бет Сити“ на Самсоненко се нови спонзори на прославениот Француски тим

Сопственикот на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко стана партнер и потпиша двегодишен договор со своите обложувачници „Бет Сити“ со поранешниот француски првак Монако.

Откако со Вардар се проби во светот на спортот, па со ракометниот клуб двапати ја освои Лигата на шампионите во изминатите три сезони, а фудбалскиот клуб играше во групната фаза во Лига Европа од 2017 година, Самсоненко стана спонзор на московска ЦСКА, а сега потпиша договор како официјален регионален обложувачки партнер на клубот од „малото кнежевство“.

Монако е клуб кој е во сопственост на руски олигарси, а во клубот игра и најголемиот руски талент Александр Головин, па францускиот клуб сака посебно да го освои рускиот пазар и поради тоа доаѓа соработката со обложувачниците на Самсоненко. Детали од договорот не се објавени, но повеќе од сигурно е дека станува збор за мултимилионска зделка, ако се знае колкави се цените за рекламирање на дресот на поранешниот финалист во Лигата на шампионите (сезона 2003/2004 година).

 

Коронавирус