вторник, 28. март 2023. Вести денес: 99
home Фудбал

Бесните навивачи ги плукаа Меси и соиграчите: Аргентина во солзи- хорор ужас, срамота, катастрофа… ова никогаш нема да им го простат

Бесните навивачи ги плукаа Меси и соиграчите: Аргентина во солзи- хорор ужас, срамота, катастрофа… ова никогаш нема да им го простат

Во Аргентина е „ден на жалост“ по дебаклот кој нивните фудбалери го доживеаја против Хрватска во второто коло од групната фаза на Светското првенство во Русија.

Хрватска победи 3:0, а Аргентина е во шок. Навивачите беа толку бесни после оваа срамота која им ја приредија фудбалерите па буквално ги плукаа од трибините по крајот на мечот.

Ниту аргентинските медиуми не ги штедеа своите фудбалери. Ова се само некои од насловите кои се појавија во тамошните весници:

-Катастрофа против Хрватска, со една нога веќе сме надвор од Светското првенство

-Аргентина понижена против Хрватска, а најголемата ѕвезда Лионел Меси не се појави на натпреварот

-Срамота

-Аргентина, дувло на Светското првенство

-Аргентина падна во бескраен помор

Сите се согласни во истото: Оваа репрезентација нема водач, авторитет и карактер и тешко ќе избори пласман во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

Целата нација е најмногу разочарана од најголемата ѕвезда, човекот во кого сите веруваа- Лионел Меси.

Промашениот пенал и лошата партија против Исланд му ја простија, но ова вчера тешко. Очекуваа дека како капитен и најдобар играч ќе направи нешто да го спречи тонењето на бродот. Меѓутоа, него го немаше никаде. Беше потполно отсечен, во првото полувреме само 20 пати ја допре топката и беше втор најлош играч на Аргентина по тој параметар. Мечот го заврши без удар во рамките на голот, со еден удар внатре од шеснаесетникот и ниту еден надвор од 16-те метри. Медиумите велат дека станува збор за вистинска катастрофа.

loading...