недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Бернардески: Роналдо е голем играч и човек

Бернардески: Роналдо е голем играч и човек

Напаѓачот на Јувентус, Федерико Бернардески, изјави дека неговиот тимски колега Кристијано Роналдо е најдобар играч во светот.

На вчерашниот натпревар од петтото коло на италијанскиот шампионат против Фросиноне (2:0), Роналдо и Бернардески постигнаа голови.

– Одиграв добро, сакам да продолжам во истиот дух. Сезоната е долга, има уште многу натпревари. Роналдо? За мене тој е најдобриот играч на светот. Тој е одличен фудбалер и човек. Кристијано е многу важен за нас, изјави Бернардески.

Јувентус има извонреден старт во Серија А со максимални пет победи. (МИА)

Коронавирус