вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Берлускони ја презема Монца

Берлускони ја презема Монца

Претседателот на фудбалскиот клуб Монца, Никола Коломбо, потврди дека ќе продаде 95 отсто од акциите на клубот на поранешниот сопственик на Милан и некогашен премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Интересно е дека семејството Коломбо беше сопственик на Милан пред клубот да го преземе Берлускони.

– Се договоривме да продадеме 95 отсто од акциите. Пет проценти ќе останат во моја сопственост, бидејќи сакам активно да учествувам во работата на клубот следната сезона, истакна првиот човек на Монца за италијанските медиуми.

Берлускони во 2015 година го продаде Милан на кинескиот милијардер Јонгхонг Ли и оттогаш немаше учество во ниту еден фудбалски клуб во Италија.