петок, 25. септември 2020. Вести денес: 103
home Фудбал

Берлускони хоспитализиран

Берлускони хоспитализиран

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони е хоспитализиран откако е дијагностицирано дека е позитивен на коронавирусот. Според најновите информации тој има воспаление белите дробови.

Претходно, агенциите објавија дека Берлускони е примен во болница превентивно, но неговата здравствена сосјба се влошила синоќа откако бил тетсиран на коронавирус и му е дијагнистицирано воспаление на двете белодробни крила.

Заразена е и неговата вереница Марта Фасчина, која се наоѓа во 14 дневен карантин, дома, а позитивнис е и неговата ќерка Брабара и синот Луиѓи.

Неговата партија ги откажа сите собори кои биле планирани пред избори.

Берлускони за време на најголемиот бран на пандемијата бил во неговата куќа во Ница во Франција, по што годишниот одмор го поминал на Сардинија каде што се дружел со Флавијо Бријаторе, сопственик на ланец дискотеки каде што се собираат екслузивни гости.

Коронавирус