понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 75
home Фудбал

Бербатов: Роналдо може да се врати во Јунајтед

Бербатов: Роналдо може да се врати во Јунајтед

Кристијано Роналдо и во оваа сезона игра на високо ниво, но неговиот Јувентус има доста проблеми и истите можат дополнително да се зголемат ако клубот остане без Лигата на шампионите за наредната сезона.

Во случај да „старата дама“ не обезбеди билет за елитното натпреварување тоа би можело да донесе заминување на Португалецот од Торино. Дел од медиумите веќе пишуваат, говорат на оваа тема на која се надоврза бугарската легенда Димитар Бербатов кој посакува одново да го види Кристијано во Манчестер Јунајтед.

-Јувентус има малку проблеми во моментов и се чини дека може остане без Лигата на шампионите. Прочитав дека Кристијано Роналдо ќе замине. Ако е тоа така, сигурен сум дека луѓето поврзани со Јунајтед би сакале тој да се врати дома.

-Тој има 36 години, но со својата форма не гледам дека тоа е проблем за него ако сака да се врати во Јунајтед. Мислам дека ќе побара друг предизвик за ново место, се покажа во Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, па можеби ќе сака да замине во нов клуб за да си докаже , но можеби ќе сака да се врати во Јунајтед за година или две. Спортинг штотуку беше крунисан како шампион во Португалија и тоа е друга можност и за него, -вели Бербатов.

ЕУРО 2020

Македонија