петок, 5. март 2021. Вести денес: 119
home Фудбал

Бензема за победа над Алавес: По напорната недела, Реал е на вистинскиот пат

Бензема за победа над Алавес: По напорната недела, Реал е на вистинскиот пат

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ги сумираше впечатоците од натпреварот од 20. коло на Шпанското фудбалско првенство против Алавес (4:1).

– Ова е многу добар натпревар и важен за нашата самодоверба. Треба да продолжиме да работиме како и порано. Секој ден работиме на подобрување на ефикасноста и асистенции. На овој меч погодоците дојдоа. По напорната недела, ние сме на вистинскиот пат, истакна Бензема.

Во овој клуб секогаш постои товар на одговорност. Јас секогаш сакам да им помагам на моите партнери, денес играв добро. Има уште многу првенствени натпревари до крајот и сите треба да размислуваме вака за да дојдеме до успехот, додаде францускиот фудбалер.

Реал во моментов е втор на табелата со 40 бода од 19 натпревари. Лидер е Атлетико Мадрид со 44 бода од 17 средби.

Коронавирус