четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Фудбал

Бензема се искачи на петтото место на листата на стрелците за Реал Мадрид

Бензема се искачи на петтото место на листата на стрелците за Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал, Карим Бензема го постигна единствениот гол за својот клуб во синоќешниот пораз (1:2) од Бетис во дуелот од 27. коло во Ла Лига. За 32-годишниот напаѓач ова беше 241. погодок во дресот на мадридскиот клуб, по кој Бензема се искачи на 5. место на клупската вечна листа на стрелци.

Бензема се изедначи по број на голови со Ференц Пушкаш.

Убедливо на првата позиција се наоѓа Кристијано Роналдо со 450 голови.

Коронавирус