недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Фудбал

Бензема: Реал е мојот клуб од соништата

Бензема: Реал е мојот клуб од соништата

Напаѓачот на Реал, Карим Бензема призна дека е горд на неговиот настап за клубот од Мадрид. Французинот е дел од „кралскиот клуб“ од 9 јули 2009 година откако се пресели од Лион.

– Јас сум во мојот клуб од соништата веќе 12 години. Сè уште сум горд што сум дел од најдобриот клуб во светот. Приказната продолжува… – напиша Бензема на Инстаграм.

За време на неговите 12 години во Реал, Бензема одигра 559 натпревари на сите натпреварувања, постигна 279 голови и направи 144 асистенции.

Неговиот сегашен договор трае до 2022 година.

Коронавирус