четврток, 12. мај 2022. Вести денес: 204
home Фудбал

Бензема му поставил ултиматум на Реал Мадрид – јас или Халанд!

Бензема му поставил ултиматум на Реал Мадрид – јас или Халанд!

Карим Бензема по заминувањето на Роналдо се истакна како најдобар фудбалер на Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач игра во фантастична форма и оваа сезона. Во досегашниот дел од сезоната Бензема одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна 24 гола и покажа дека во овој момент е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Со Реал Мадрид, Бензема има договор до летото 2023 година, а очекувано „кралевите“ одлучиле да му понудат нов договор. Неодамна Бензема изјави дека нема ништо против останување во клубот, меѓутоа тоа би можело да се промени.

Познато е дека Реал Мадрид сака да го засили нападот, се очекува доаѓање на Килијан Мбапе кој би требало да игра во тандем со Бензема. Сепак, се појавија и шпекулации дека Реал го сака и Халанд тоа не му се допаднало на Французинот.

Со доаѓањето на Халанд Бензема веројатно повторно би паднал во сенка како што беше случај додека Роналдо беше во клубот и наводно им соопштил на челниците на Реал дека нема да го продолжи договорот ако покрај Мбапе пристигне и Халанд.

Коронавирус