недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Бенитез со прва награда во Премиер лигата по 5,5 години

Бенитез со прва награда во Премиер лигата по 5,5 години

Искусниот шпански тренер, Рафаел Бенитез ја освои наградата за менаџер на месец ноември во Премиер лигата.

Ова е седма таква награда за него, но прва по 5,5 години. Бенитез ги изведе Њукасл до три последователни победи минатиот месец, благодарение на кои „страчките“ излегоа од зоната за испаѓање. Тие беа постигнати против Ватфорд, Борнемут, Барнли.

– Секогаш е добро да се освојуваат награди. Би сакал да освојувам повеќе вакви признанија за менаџер на месецот, бидејќи тоа ќе значи дека ќе бидеме на подобра позиција на табелата, прокоментира по тој повод Бенитез.

Само петмина менаџери во историјата на Премиер лигата ја освоиле оваа награда повеќе од Бенитез. Тоа се Сер Алекс Фергусон (27), Арсен Венгер (15), Дејвид Мојс (10), Мартин О’Нил (8) и Хари Реднап