среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 67
home Фудбал

Бенфика и Арсенал ќе играат во – Италија!

Бенфика и Арсенал ќе играат во – Италија!

Коронавирусот и ограничувањата на европските држави во однос на движењето донесе уште една промена во однос на стадионот каде ќе се игра натпревар од европските купови.

Овој пат се работи за дуелот Бенфика-Арсенал од Лига Европа, кој наместо во Лисабон, ќе се игра на „Олимпико“ во Рим.

УЕФА ја потврди веста дека португалскиот тим ќе биде домаќин во Италија, а останува предвидениот термин, поточно 18 февруари од 21 часот.

Двата клуба соработувале во обидот да се најде прифатливо решение, па УЕФА во соопштението им се заблагодари за коректниот пристап.

Претходно, стана јасно дека во Торино ќе се игра средбата од Лига Европа меѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед.

ЕУРО 2020

Македонија