Фудбал

Белингем: Не му реков ништо лошо на судијата, сигурно е недоразбирање

Белингем: Не му реков ништо лошо на судијата, сигурно е недоразбирање

По натпреварот  помеѓу Осасуна и Реал Мадрид англискиот репрезентативец Џуд Белингам ја прокоментира ситуацијата и објасни што точно рекол и до какво недоразбирање со судијата Мунуера дошло по што доби црвен картон.

„Не му кажав ништо лошо на судијата. Јасно беше дека станува збор за комуникациско недоразбирање. Реков само од*би. 

Можете да ја видите реалноста и покрај извештајот на судијата. Среќен сум што има видеа и може да се види ситуацијата“, прокоментира Белингем.

Во Реал беа лути и за досудениот пенал во второто полувреме по ударот на Камавинга врз противнички играч.

To top