понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 90
home Фудбал

Белингем го собори рекордот на Мбапе во Лигата на шампионите

Белингем го собори рекордот на Мбапе во Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем синоќа постигна гол во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите, во 1. коло против Бешикташ (2:1). Англичанецот со овој погодок постави рекордот постанувајќи најмлад стрелец на два натпревара по ред во Лигата на шампионите.

Белингем, исто така, се запиша во листата на стрелците на реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА против Манчестер сити. Овој меч беше последен за тимот од Дортмунд во Лигата на шампионите минатата сезона.

На натпреварот против Бешикташ, Белингем имаше 18 години и 78 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе со 18 години и 85 дена. Французинот  рекордер стана во март 2017 година кога играше за Монако. 

Локални избори 2021