Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, го соопшти списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Македонија и Велс во рамките на групата Ј од квалификациите за пласман за Светското првенство.
Белгија ќе допатува во Скопје со најголемите ѕвезди, меѓу кои се Ромелу Лукаку, Лоис Опенде Кевин де Брујне, Тибо Куртоа, Чарлс де Кетелар, Леандро Тросард и останатите.