сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Бекам сака да го земе Меси во својот нов тим во САД

Бекам сака да го земе Меси во својот нов тим во САД

Сопственикот на новиот клуб од МЛС лигата, Интер Мајами, Дејвид Бекам сака да ја привлече аргентинската суперѕвезда Лионел Меси во тимот за дебитантската сезона на тимот.

Новиот тим од Флорида ќе дебитира во елитната американска фудбалска лига во 2020 година.

Бекам, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Пари Сен Жермен и поранешен капитен на репрезентацијата на Англија, смета дека ќе може да понуди поволни услови на Меси.

Аргентинецот има договор со Барселона за уште три сезони, а за почетокот на кампањата 2020/2021 во МЛС, тој ќе има 33 години. Околу 70 проценти од населението на Флорида е составено од Латиноамериканци, што се смета за плус за Бекам во евентуалните преговори со Меси.

Коронавирус