сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Фудбал

Бекам го сака Бејл во Интер Мајами

Бекам го сака Бејл во Интер Мајами

Поранешниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам сака крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл да биде првата голема sвезда во неговиот клуб, Интер Мајами. Бекам е амбициозен неговиот тим да биде сериозен фактор во својата дебитантска сезона во МЛС лигата оваа година, а неодамна стана јасно дека двојниот освојувач на Копа Либертадорес – Диего Алонсо, ќе застане на чело на тимот.

Целта на Бекам сега е да изгради состав околу sвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, пренесува „Дејли Мејл“. Не е тајна дека мадридскиот клуб се обидува да се раздели со Бејл и неговата огромна плата, а самиот фудбалер не ја крие својата лутина од односот на раководството кон него, бидејќи тој беше близу до трансфер во Кина во текот на летото, но тој беше блокиран од Перез.

Во последните денови се шпекулира дека Интер Мајами покажал интерес и за плејмејкерот на Манчестер Сити, Давид Силва и крилниот напаѓач на Челзи Педро, но привлекувањето на Бејл ќе ги демонстрира големите амбиции на Бекам.

Сепак, според информациите, за Бејл интерес покажува и друг клуб од МЛС – Лос Анџелес Галакси, кој сака да добие ново сериозно име во составот, откако Златан Ибрахимовиќ замина по крајот на минатата сезона и се пресели во Милан.

Коронавирус