недела, 25. јули 2021. Вести денес: 22
home Фудбал

Бејл се посрамоти од белата точка, но беше главен инспиратор на првата победа на Велс (Видео)

Бејл се посрамоти од белата точка, но беше главен инспиратор на првата победа на Велс (Видео)

Велс успеа да ја оствари првата победа на Европското првенство и се стави во пол позиција за пласман во втората фаза на континенталниот турнир, откако ова попладне успеа да ја победи Турција на натпреварот кој се одигра во Баку.

Велшаните може да имаат многу помирен крај и да ги обезедат трите бода доста порано, но Герет Бејл се посрамоти од белата точка и самиот со разочара со катастрофалниот пенал кој го изведе. Капитенот на Велс не успеа да реализира најдобра прилика за водство од 2:0, бидејќи претходно Арон Ремзи стрелаше за водство во првото полувреме по негово додавање.

Турците се обидоа да реагираа во вториот дел и направија дури пет замени, но по промашениот пенал на Бејл во 61-та минута, главните возбудувања пристигнаа во самата завршница.

Натперварот се играше дополнителни седум минути поради мешаницата на неколку играчи во 91-та минута, а во самиот финиш, Робертс погоди за 2:0 по додaвање на Бејл кој се извади за нереализираниот пенал со одличен продор по еден корнер за конечни 2:0.

За Велс ова е четврти бод на турниот и изби на првата позиција во групата А, во која Турција сега е во незавидна ситуација со два порази на два меча.

Коронавирус