сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 83
home Фудбал

Бејл постигна гол па се повреди на средбата со Стоук

Бејл постигна гол па се повреди на средбата со Стоук

Велшкиот репрезентативец во редовите на Тотенхем, Герет Бејл заработи повреда синоќа на натпреварот (3:1) со Стоук во Лига купот на Англија. Тој беше стрелец на првиот гол за тимот од Лондон.

Триесет и едногодишниот фудбалер беше заменет на полувремето.

– Тоа беше одлука на Герет. Тој почувствува дека нешто не е во ред. Веднаш ми кажа за тоа кога влеговме во соблекувалната за време на паузата. Не знам колку е сериозно, треба да ги почекаме прегледите, соопшти тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо.

Бејл игра за Тотенхем на позајмица од Реал Мадрид. Во сезоната 2020/21, фудбалерот одигра 11 натпревари со Спарс и постигна три гола.

Коронавирус