среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Бејл ни на тренинг не го играат, дреме како здрвен (Видео)

Бејл ни на тренинг не го играат, дреме како здрвен (Видео)

Неделно добива плата од 400.000 евра, а не прави буквално ништо

Герет Бејл беше еден од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кога пристигна во Реал Мадрид од тимот на Тотенхем. Во првите неколку сезони Велшанецот беше на нивото на својот статус, но во последните две сезони таа слика се промени.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан најави дека воопшто нема да смета на услугите на Бејл, но тој остана во клубот. Играчот буквално дреме на клупата за резерви во последните неколку месеци, но според договорот кој го има, заработува 400.000 евра неделно.

Дека на Бејл воопшто не му е гајле за фудбалот и Реал Мадрид се потврдува и од последните снимки од тренингот на Реал. Бејл едноставно стои на страна како здрвен додека останатите играчи тренинраат. Актуелниот договор на Бејл со Реал е до јуни 2022 година.

Реал Мадрид се подготвува за реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Манчестер сити. Кралевите ќе имаат тежок предизвик затоа што на гостувањето во Манчестер ќе патуваат со негатива од 1:2 по првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“.

Коронавирус