петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Бејл нема да го напушти Реал пред истекот на договорот

Бејл нема да го напушти Реал пред истекот на договорот

Напаѓачот на Реал, Герет Бејл, нема да го напушти клубот до крајот на договорот, пренесува „Мирор“. Сегашниот договор важи до летото 2022 година.

Триесет годишниот Велшанец има заладени односи со тренерот на тимот Зинедин Зидан и навивачите на Мадрид. Реал Мадрид би сакал да го продаде играчот заради неговата висока плата. Во минатиот трансфер прозорец, тој одби да оди на позајмица во друг клуб.

Оваа сезона, Бејл има одиграно 12 натпревари во Шпанското првенство, во кое постигна два гола и направи две асистенции. Тој исто така има два натпревари во ЛШ. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.

Коронавирус