среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 22
home Фудбал

Бејл може да го напушти Реал

Бејл може да го напушти Реал

Напаѓачот Герет Бејл може да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.

Главен претендент за 31-годишниот Велшанец е Манчестер јунајтед, но клубовите сè уште не се договориле за висината на обесштетувањето.

Претходно беше објавено дека Реал толку многу сака да се ослободи од Бејл, што дури беше подготвен да плати половина од неговата плата доколку го напушти клубот.

Минатата сезона, Велшанецот настапи на само 16 првенствени натпревари во Шпанија, на кои постигна два гола. Фудбалерот игра во Реал од 2013 година, каде се пресели од Тотенхем.

Локални избори 2021