сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 89
home Фудбал

Бејл: Моментот за враќање беше совршен

Бејл: Моментот за враќање беше совршен

Моментот за трансфер во Тотенхем беше совршен, изјави новиот напаѓач на тимот Герет Бејл, кој пристигна назад во Лондон по 7-годишно отсуство. Тој ќе игра за „спарс“ како отстапен од Реал Мадрид до крајот на сезоната.

– Овој клуб е посебен за мене. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам еден ден, и сега тоа е реалност. Јас сум во вистинско време во мојата кариера за овој трансфер и мислам дека совршено ќе одговарам на Тотенхем. Мотивиран сум, сакам да настапам на ниво и едвај чекам да играм повторно, изјави Бејл, кој има 56 гола на 203 натпревари за Тотенхем од неговиот трансфер од Саутемптон во 2007 година.

Според самиот клуб, Бејл, кој се повреди на паузата за репрезентациите, ќе биде подготвен да игра во октомври.

– Се надевам дека наскоро ќе бидам во форма. Сакам да му помогнам на тимот да освои трофеј. Исто така, во Реал Мадрид докажав дека имам победнички менталитет. Знам како да играм во финалињата, како да се справам ментално со напнатост и прекумерни очекувања. Ова искуство е непроценливо и можам да им го пренесам на момците во тимот. Тие самите мора да веруваат дека можеме да освоиме трофеи, продолжи велшкиот репрезентативец.

Додаде дека лондонскиот клуб се развил во годините кога тој бил во Мадрид и дека сега сака да му помогне да го направи следниот чекор – трофеј.

– Тоа е единствената наша желба и се надевам дека нашиот сон ќе се оствари, посочи Велшанецот.

Коронавирус