среда, 8. декември 2021. Вести денес: 106
home Фудбал

Бејл е најплатениот играч во Премиер лигата, Гвардиола е лидер меѓу тренерите

Бејл е најплатениот играч во Премиер лигата, Гвардиола е лидер меѓу тренерите

Францускиот весник „Л’Екип“ ги рангираше најплатените играчи и тренери на клубовите во Премиер лигата. Играчот за врска на Тотенхем, Герет Бејл, кој игра на позајмица од Реал Мадрид, добива најмногу меѓу играчите во англискиот шампионат – 2,5 милиони евра месечно.

Следуваат голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа (1,85 милиони евра), играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујн (1,58 милиони евра), крилото на Сити, Рахим Стерлинг (1,48 милиони евра) и играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба (1,43 милиони евра).

Најплатен тренер во лигата е Пеп Гвардиола, кој е на чело на Манчестер Сити (1,89 милиони евра). Второто место го делат тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и Јирген Клоп од Ливерпул (1,42 милиони евра).

Коронавирус