понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Беднарек лут по исклучувањето на „Олд Трафорд“ викаше по судиите: Не беше фаул, и Марсијал (Видео)

Беднарек лут по исклучувањето на „Олд Трафорд“ викаше по судиите: Не беше фаул, и Марсијал (Видео)

Манчестер Јунајтед вчера го одигра најдобриот натпревар последнава деценија и со убедливи 9:0 славеше против десеткуваниот Саутемптон на „Олд Трафорд“.

Ова беше историска победа на „ѓаволите“ кои ја повторија својата највисока победа во Премиер лигата кога го совладаа Ипсвич исто така со 9:0.

Покрај головите, овој натпревар донесе и некои контроверзни моменти поврзани со ВАР одлуките, а тука предничеше моментот кога Јан Беднарек заработи директен црвен картон, а Манчестер Јунајтед доби пенал.

Одличниот дефанзивец и додека беше на теренот викаше по Мајк Дин, а притоа имаше и разговор со Антони Марсијал кој веројатно му потврди дека тоа не било фаул и дека стартот не бил намерен.

Кога го напушташе теренот, Јан Беднарек беше уловен од камерите што зборува: – Не беше фаул. И Марсијал рече дека не е фаул, -викаше Беднарек.

Тоа не му помогна да се врати на теренот, а неговиот тим потоа прими уште три гола и до врв беше наполнета мрежата на Мекарти. Од Саутемптон кој се соочува со огромни проблеми со повредени фудбалери речиси сигурно ќе ја обжалат оваа одлука на Мајк Дин.

По крајот на натпреварот и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека Беднарек не требало да заработи исклучување.

ЕУРО 2020

Македонија