петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Фудбал

Беа 17 дена заробени во пештера: Децата херои од Тајланд се вратија во училиште, еве што се случи со нивниот тренер (ФОТО)

Беа 17 дена заробени во пештера: Децата херои од Тајланд се вратија во училиште, еве што се случи со нивниот тренер (ФОТО)

Тајландските момчиња спасени од пештерата на северот од земјата се вратија денеска на училиште, објавија локалните власти.

Во училиштето Мае Саи Праситсарт, во покраината Чианг Раи, приредено е топло добредојде за 12-те момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со страв ја следеше целиот свет.

Беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбалски клуб Баерн добија и клупски дресови.

По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малечките фудбалери на возраст од 11 до 16 години, недела дена се опоравуваа во локалната болница и недела дена дома.

Сите деца, со исклучок на 14-годишниот Адул Сама кој е христијанин, поминаа 9 дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето.
Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чатавонг, ќе остане во манастирот уште 3 месеци.