четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Бартомеу одби да сведочи, па беше пуштен на слобода

Бартомеу одби да сведочи, па беше пуштен на слобода

Поранешниот претседатело на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, денеска беше пуштен со кауција да се брани од слобода во случајот „Барсагејт“. Бартомеу е првообвинет откако се пронајдени докази дека клубот под негово водство плаќал компании и индивидуалци за преку лажни профили на социјалните мрежи да го нарушуваат угледот на поранешни и сегашни фудбалери на клубот, меѓу нив и Лионел Меси и Жерар Пике.

Тој ја минал минатата ноќ во притвор, по што денеска го искористил своето право да не сведочи пред истражниот судија, па му била одредена кауција.

„Истражниот суд во Барселона, по повод случајот покренат во мај 2020 година за нелојална администрација и корупција во работењето, ги сосолуша поранешните раководни лица во Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Хаиме Масферер. Тие се повикаа на своето право да не сведочат, по што судијата се согласи да ги пушти да се бранат од слобода, одредувајќи им кауција“, се вели во соопштението на Судот во Барселона.

Коронавирус