сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Барселона заинтересирана за Дембеле како замена за Суарез

Барселона заинтересирана за Дембеле како замена за Суарез

Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, се најде во сферата на интерес кај Барселона. Вториот тренер на Каталонците, Хенрик Ларсон веќе остварил контакт со 24-годишниот Французин.

Барселона веројатно го гледа Дембеле како потенцијална замена за Луис Суарез, кој би можел да го напушти клубот, објави новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио.

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, му соопшти на Суарез дека нема да смета на него.

Коронавирус