недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Барселона со прв зимски трансфер

Барселона со прв зимски трансфер

Барселона веќе може да се пофали со прво зимско засилување, откако го договори дефанзивецот на Валенсија Џејсон Муриљо.

Колумбиецот ги помина медицинските прегледи и ќе ја засили одбраната по повредите на Умтити и Вермален.

Дефанзивецот доаѓа на заем и Барселона нема да плати надоместок за него, откако ќе ја подмирува единствено неговата плата. Сепак вклучена е клаузула за откуп од 25 милиони евра во договорот по крајот на актуелнава сезона.

Опција за Барса беше и 22-годишниот дански дефанзивец Андреас Кристенсен, но Челзи ја блокираше зделката.

МИА