Фудбал каталонците заинтересирани

Барселона со интерес за Џонатан Тах

Барселона со интерес за Џонатан Тах

Клучниот играч на тимот на Чаби Алонсо, Џонатан Тах (30) потврди дека на лето ќе го напушти клубот во кој го мина најголемиот дел од кариерата.

За Леверкузен играше 286 пати и беше незаменлив дел од тимот кој минатата година ја освои германската двојна круна. Барселона се споменува меѓу најзаинтересираните клубови за доведување на Германецот.

– Го напуштам Баер. Му кажав сѐ на клубот. Нема брзање да се избере нов клуб, но имаше момент кога решив дека нема да останам овде и тоа јасно му го соопштив на клубот, како што правев до сега – изјави Тах за германскиот „Кикер“.

To top